Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Емануел Петит го критикуваше капитенот на „галските петли“, Килијан Мбапе за неговиот настап на ЕП.
-Мбапе мора да игра на следниот меч, но само затоа што противник е Шпанија. Против Португалија беше заменет на паузата во продолженијата кога требаше многу порано да го заменат. Физички не е добро, а му пречи и скршениот нос. Неговото ниво е недостојно за капитен на тимот. Не презема доволно одговорност на теренот. На ЕП 2024 не го покажува најдоброто од себе, изјави легендарниот некогашен фудбалер.