Како што објави шпанскиот портал „Фичајес“, Реал Мадрид се одлучи за големо засилување во одбраната, а целта е аргентинскиот репрезентативец Кристијан Ромеро.
Повредите, падот на формата и недостатокот на континуитет доведоа до фактот дека одбраната, со години симбол на стабилност, стана најслабата точка на тимот.
Поразот од Бенфика во ЛШ беше особено болен, што, според шпанските медиуми, дефинитивно го убеди Перез дека нема повеќе време за импровизација.
Клубот мора веднаш да реагира, без оглед на цената. Стручниот штаб се соочува со потешкотии да најде решенија што би донеле безбедност во клучните моменти. Токму затоа името на Кристијан Ромеро се појави како приоритет.
Аргентинецот, кој одлично се снаоѓа во дресот на Тотенхем, се смета за еден од најагресивните и најдоверливи стопери во англиското првенство.