Фудбал

Педри: Модриќ е магичен играч, но мислам дека сме посилни од Хрватска

Педри: Модриќ е магичен играч, но мислам дека сме посилни од Хрватска

Педри точно ги познава квалитетите на капитенот Лука Модриќ, за кого не штедеше суперлативи и го пофали за многу сегменти од фудбалската игра.

„Кога и да сум бил на теренот со Модриќ, забележувам дека е неверојатно тешко да му ја одземете топката. Како да му е залепена за ногата, едноставно е магичен. Неговата промена во темпото и стилот на игра се феноменални. Лука е веќе возрасен, но пред неколку сезони беше незапирлив.

Неговото искуство е секогаш пресудно и тој сигурно силно ќе ги мотивира своите соиграчи за мечот против Шпанија. Ние веруваме во себе, знаеме колку сме квалитетни и сметаме дека можеме да ги освоиме трите бода. Ќе биде тешко против Модриќ и останатите, но целта е јасна“, изјави Педри.

To top