Фудбал продолжување на договор

Павловиќ во Баерн Минхен до 2029

„Баерн е клубот на моето срце. Затоа сум горд, среќен и благодарен, сакам да освојувам титули со тимот и да се развивам“, изјави Павловиќ.

Павловиќ во Баерн Минхен до 2029

Бундеслигашот Баерн Минхен објави денеска продолжување на договорот со фудбалерот од средниот ред Александар Павловиќ до лето 2029 година.

Минатата сезона, играчот од средниот ред забележа 22 настапи за Баерн, постигнувајќи два гола, а додаде и две асистенции.

Дваесетгодишниот Павловиќ се најде на поширокиот список на Германија за ЕВРО2024, но во последен момент отпадна од списокот поради воспаление на крајниците.

„Баерн е клубот на моето срце. Затоа сум горд, среќен и благодарен, сакам да освојувам титули со тимот и да се развивам. За жал, мојот сон да играм на ЕВРО2024 беше уништен поради мојот тонзилит, што ме прави тажен, но сега, исто така, сум и многу среќен поради продолжувањето на договорот со Баерн до 2029 година“, изјави Павловиќ за клупската веб-страница.

To top