Фудбал

Паоло Дибала од наредната сезона во Саудиска Арабија

Паоло Дибала од наредната сезона во Саудиска Арабија

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала во новата сезона ќе настапува за Ал-Кадсиах.

Дибала ја прифатил богатата понуда од Саудиска Арабија според која за три години ќе заработи 75 милиони евра.

Откако Дибала и Ал-Кадсиах се договориле, почнале преговорите меѓу клубовите.

До доцна во ноќта траеле преговорите, според Џанлука Ди Марцио двете страни се блиску до договор, но останале уште некои детали да се дефинираат во текот на денешниот ден по што ќе почне реализација на трансферот.

Сега „топката“ е во рацете на Рома, тие одлучуваат дали ќе се реализира зделката.

To top