Неколку извори пренесуваат дека Аарсенал и Спортинг начелно постигнале договор за трансфер на Виктор Ѓеркеш, клубот од Северен Лондон ќе плати околу 63,5 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.
По неколку дена затишје, вечерва повторно се активираа преговорите помеѓу Спортинг и Арсенал за трансфер на Виктор Ѓеркеш на „Емирати“.
Доцна вечерва, неколку извори објавија дека начелно е постигнат договор помеѓу двата клуба.
„Топчиите“ ќе платат околу 63,5 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.
Клучен за ваквата разврска е агентот на Виктор Ѓеркеш, тој се откажал од провизијата од 10% која му следува, односно помеѓу 6 и 7 милиони евра.
Па на крајот Спортинг ќе ја добие бараната сума за продажба, а Виктор Ѓеркеш ќе си ја оствари желбата да го облече дресот на Арсенал и да се испроба во Премиерлигата.
Се очекува во следните денови да бидат испеглани сите детали и да пристигне официјална потврда.