По долги преговори, Арсенал и Реал Сосиедад си подадоа рака за трансфер на Микел Мерино.
Арсенал на Сосиедад ќе му плати 32 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси. Шпанскиот репрезентативец ќе потпише договор до јуни 2028 година.
Исто како и при трансферот на Калафиори, Артета имал клучна улога во преговорите, тој директно зборувал со фудбалерот и го убедил дека Арсенал е вистинскиот клуб за него.
Мерино патува за Лондон да ги помине медицинските тестови по што ќе го потпише договорот.