Арсенал е апсолутен фаворит за титулата во Премиер лигата и има речиси 87 проценти шанса да стане нов англиски шампион, покажува најновата симулација на статистичката компанија Опта.
Арсенал ремизираше 0-0 во четвртокот вечер во дербито со Ливерпул, но е лидер на табелата по 21 коло со шест бодови предност пред второпласираниот Манчестер Сити.
Според Опта, Арсенал има 86,8 проценти шанса за освојување на титулата, додека Сити има 8,9%. Астон Вила е трета (4,2%), додека Ливерпул има само 0,1 проценти шанса да ја одбрани титулата. Ова се единствените четири тима на кои статистичарите на Опта им даваат шанса да ја освојат титулата.
Според Опта, Вест Хем, Барнли и Вулверхемптон со сигурност ќе испаднат од Премиер лигата оваа година.