Нема да дозволам Македонската фудбалска репрезентација да биде Ел Дорадо, ќе барам резултати, не може да ти биде загарантирано местото како селектор, рече во вчерашното интервју претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Не може некои луѓе да мислат дека нив местото селектори им е загарантирано 15-20 години во некоја од младите селекции. За 15 години селекторување има мизерни резултати. Единствено добири беа сметките по хотелите за дополнителни трошоци… Џејмисон итн. Епа тоа веќе нема да може така да биде и тие луѓе се сите разрешени, истакна Омерагиќ.
Тој им порача дека не треба да бидат силни на социјалните мрежи и да ги мешаат нивните семејства.
Целиот разговор со Масар Омерагиќ погледнете го во продолжение: