Барселона е на прагот на своето второ засилување во пресрет на новата сезона кое делумно ги орасположи навивачите на клубот по лошиот преоден рок.
Досега е ангажиран само Пау Виктор од Жирона за 2,7 милиони евра, а јасно е дека нов играч на тимот ќе биде шпанскиот репрезентативец Дани Олмо. Играчот од средниот ред синоќа пристигна во Барселона со својот агент Енди Бара и спортскиот директор на Барселона, Деко, а ексклузивна фотографија објави најпознатиот светски инсајдер Фабрицио Романо.
Во текот на денешниот ден се очекува да бидат завршени лекарските прегледи, а најверојатно в петок Олмо ќе биде претставен како нов играч на Барселона.