Фудбалскиот репрезентативец на Шпанија Дени Олмо даде коментар пред финалето со Англија за играчот на Реал Мадрид, Џуд Белингам.
– Не се плашам од Белингам. Тој е главен играч во Англија, нивниот фудбал минува низ неговите нозе. Тој е играч на кој мора да внимаваме, но страв немаме од никого, па ни од Џуд. Видовме дека Англија постигнува голови во последните минути, тоа значи дека мора да бидеме внимателни докрај. Дојдовме до крајот на турнирот, за да освоите едно Европско првенство, мора да ги победите најдобрите. Јас бев ментално подготвен уште пред Педри да се повреди, секогаш сум тука за репрезентацијата. Не е убаво да добиете шанса поради повреда на соиграч, но Педри остана со нас во тимот и сега ни помага на поинаков начин, – вели Олмо.