И официјално, репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски, е нов член на шпанска Џирона. Македонскиот напаѓач потпиша договор со шпанскиот тим до 2028 година.
Миовски доаѓа од Абердин, а со Џирона ќе игра и во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
Досегашниот клуб на македонскиот напаѓач, шкотски Абердин, од трансферот доби 8,5 милиони евра што е и нов рекорд за клубот.