Наполи му посака добредојде на Антонио Конте кој ја презема улогата на тренер на првиот тим, откако потпиша договор со клубот до 30 јуни 2027 година.
-Многу сум горд што нов тренер на Наполи е Антонио Конте. Антонио е врвен тренер, лидер, со кого сум сигурен дека потребната реобнова може да започне по завршувањето на циклусот што не доведе до скудетото минатата година по многу сезони на врвот на италијанскиот фудбал. Денеска се отвора важно ново поглавје во историјата на Наполи, изјави претседателот Аурелио Де Лаурентис.
Конте истакна дека е возбуден од новиот предизвик.
-Наполи е место од глобално значење. Среќен сум и возбуден од идејата да седнам на сината клупа. Сигурно можам да ветам една работа: ќе дадам се од себе за раст на тимот и клубот. Моја посветеност заедно со мојот персонал ќе биде тотален, изјави Конте.