Фудбал

Одложено големото холандско фудбалско дерби

Одложено големото холандско фудбалско дерби

Големото фудбалско дерби во Холандија помеѓу Феенорд и Ајакс нема да се одигра и ќе биде одложено за нов термин.

Причината за такво нешто е штрајкот на синдикатот на полицијата во Ротердам. Потврда за одложувањето на мечот даде градоначалникот на градот, Ахмед Абуталеб, кој објиави дека полицајците немаат доволно капацитет да го обезбедат мечот.

Одлуката ја донесов по консултација со надлежните органи. Натпреварот нема да се одигра викендов. Без интервенција на полициските службеници, никој не може да ја гарантира безбедноста на играчите, навивачите и целиот град“, изјави Абуталеб.

Мечот меѓу Феенорд и Ајакс беше планиран да се одигра во недела на „Де Кајп“ во терминот од 14:30 часот.

To top