Натпреварот Леванте -Виљареал во рамките на 16. коло од шпанската Ла Лига е одложен поради лоши временски услови.
Натпреварот требаше да се одржи денес на стадионот „Сиудад де Валенсија“ во Валенсија. Почетокот беше закажан за 18:30 часот.
– Следејќи ги безбедносните препораки, прогнозата за обилни дождови во Валенсија и издавањето црвена тревога од страна на Шпанската национална метеоролошка агенција, Кралската шпанска фудбалска федерација одлучи да го одложи натпреварот Леванте – Виљареал. Нов датум и време ќе бидат објавени наскоро, се вели во официјалното соопштение.
Виљареал е трет на табелата во Ла Лига со 35 бода, Леванте е на последното место, 20. место со девет бода.