Откако пред почетокот на сезоната се повреди првиот голман, Тибо Куртоа, Кралевите на позајмица го доведоа Кепа Аризабалага од Челзи.
Синоќа се повреди и Кепа, па на мечот против Брага во ЛШ бранеше третиот голман, Андреј Лунин.
„Кралевите“ веќе останаа без Тибо Куртоа до крајот на сезоната, а сега се повреди и Кепа кој ќе паузира три недели.
Лунин иако е трета опција брани одлично. Украинецот на уште два натпревара беше на голот на „кралскиот“ клуб и прими само еден гол.