Состојбата на романскиот тренер Мирчеа Луческу, кој пред неколку дена доживеа срцев удар, нагло се влоши, објави „АС“.
На 29 март, 80-годишниот тренер беше итно хоспитализиран откако ја изгуби свеста за време на тренингот на романската репрезентација. На 3 април, додека се подготвуваше да биде отпуштен, доживеа акутен миокарден инфаркт, поради што беше потребна итна интервенција.
Во текот на вчерашниот ден, Луческу повторно развил значајни срцеви аритмии кои не реагирале на третманот. Следствено, бил префрлен на одделението за интензивна нега. Тренерот моментално е во болница во Букурешт.
На 2 април, Луческу поднесе оставка од функцијата селектор на романската репрезентација, која ја водеше од 2024 година. За време на тренерската кариера, тој работеше и во Пиза, Бреша, Реџана, Интер, Галатасарај, Бешикташ, Динамо Киев, Шахтјор Донецк и Зенит.