Фудбал

Нова победа на Англија, триумф на БиХ во квалификациите за СП 2026

Нова победа на Англија, триумф на БиХ во квалификациите за СП 2026

Селекцијата на Англија ја забележа втората победа во квалификациите за СП, победа одново остварена на домашен терен и тоа на мечот со Летонија.

„Гордиот албинот“ во претходната рунда ја надигра Албанија со 2-0, а на „Вембли“ ги реши Летонците со 3-0. Рис Џејмс постигна магичен гол од слободен удар во првото полувреме, додека во вториот дел Кејн и Езе во периодот од 68 до 76 минута ги потврдија трите бода.

Нашиот западен сосед дојде до првото славје во мундијалскиот циклус и тоа во соочувањето со Андора. Албанците триумфираа со 3-0 со головите на Манај до 9 и 19 минута и на Узуни во 92 минута.

Статусот на фаворити беше оправдан и од БиХ против Кипар (2-1), Полска против Малта (2-0) и Романија која како гостин беше подобар од Сан Марино (5-1)

To top