Фудбал „Црно-белите“

Њукасл го победи Челси во директен дуел за Лигата на шампионите и се искачи на третото место на табелата

Њукасл сега се трети на табелата со 66 бода, додека Челси останува петти, три бода зад денешните ривали.

Њукасл го победи Челси во директен дуел за Лигата на шампионите и се искачи на третото место на табелата

Фудбалерите на Њукасл го победија Челси во дербито од 36-то коло од англиската Премиер лига во директен дуел за место во Лигата на шампионите, а конечниот резултат беше 2:0.

Њукасл го отвори натпреварот фантастично и поведе во втората минута од натпреварот. Џејкоб Марфи центаршутираше од десно, а Сандро Тонали ја затресе мрежата на Роберто Санчез и му донесе водство на домашниот тим.

Во 36-тата минута, „сините“ останаа со играч помалку бидејќи Николас Џексон доби директен црвен картон, па гостите го завршија натпреварот со играч помалку.

Остатокот од натпреварот ни донесе похрабра игра од Челси, кои се обидоа да го израмнат резултатот со играч помалку, но не успеаја, па победата им припадна на „страчките“, кои ја потврдија големата победа во 90-тата минута преку Бруно Гимараеш.

„Црно-белите“ сега се трети на табелата со 66 бода, додека Челси останува петти, три бода зад денешните ривали.

Во следното коло, Њукасл ќе гостува кај Арсенал, додека Челси ќе го пречека Манчестер Јунајтед на домашен терен.

To top