Македонскиот фудбалер Бобан Николов кариерата ќе ја продолжи во редовите на Борац Бања Лука во првенството на Босна и Херцеговина.
По потписот тој нагласи дека е среќен што ќе заигра за првакот во босанското првенство.
„Сакам да ги поздравам сите приврзаници на Борац со желба за успешна сезона. Момците досега направија историски подвиг, но се надевам дека нема да застанеме тука и со многу храброст ќе одиме во нови победи. Дојдов во Борац за да ѝ помогнам на екипата за да даде максимум од себе на теренот. Го знам квалитетот на лигата и знам дека примарна клупска цел е одбрана на титулата. Лигата напредува од година во година, а дополнителен квалитет доби со изградбата на новите терени. Се надевам дека и оваа година ќе ја освоиме титулата, бидејќи само така можеме до нови европски успеси. изјави Николов.