Интер потврди фудбалерот Николо Барела, останува во клубот откако го продолжи договорот со тимот до 2029 година.
27-годишниот Барела е веќе пет години во Интер, откако во 2019 година дојде од Каљари, најпрво како позајмен играч, а потоа со перманентен договор.
Барела кој е со италијанската репрезентација на престојното Европско првенство, искажа задоволство од потпишаниот договор.
„Горд сум и среќен што останувам во Интер. Заедно ќе бидеме дел од нови успеси“, рече Барела.