Францускиот фудбалски репрезентативец Нголо Канте се враќа во Англија, поточно во тимот на Вест Хем ова лето објави „Гардијан“.
Информацијата ја пренесе најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо но додаде дека Ал Итихад, за кој моментално настапува играчот од средниот ред, нема намера да тргува.
Наводно, клубот од Саудиска Арабија го гледа Канте како еден од главните столбови на играта со кој не сакаат да се разделат.