Македонија оствари низа рекорди со шесте настапи кои ги имаше во Лигата на нации, не само поради историскиот пласман во Сегментот Б, туку и поради бројките кои беа остварени во дуелите со Фарски Острови, Ерменија и Летонија.
Националниот тим за првпат од постоењето запиша пет победи во низа во било какво официјално натпреварување, учинок до кој се стигна со последните две победи во изминатите неколку дена.
Втор историски рекорд е умешноста да се зачува својата мрежа на сите пет последни натпревари, што исто така првпат се гледа од еден македонски тим од самото постоење.
Столе Димитриевски стана првиот голман кој не прими гол на три натпревари во низа, но во овој ноемвриски циклус го подобри својот историски рекорд, па сега истиот изнесува пет натпревари.
Поточно, голманот на Валенсија нема примено гол точно 531 минута, а уште поимпресивно е дека не прими гол од игра на сите шест натпервари во Лигата на нации.
Единствениот примен од Фарски Острови од Торшавн пристигна од белата точка, па тоа е само уште еден доказ за импресивната доминација на оваа македонска генерација на фудбалери во Ц Сегментот во Лигата на нации.
16-те освоени бода на шесте одиграни меча заминуваат во фудбалската историја на Македонија, па многу веројатно ќе ни донесат и бараж за СП без оглед на резултатот кој ќе го оставриме на редовните квалификации за мундијалот.