Фудбал

Неверојатен расплет: Данска е втора, а Словенија трета во групата Ц

Неверојатен расплет: Данска е втора, а Словенија трета во групата Ц

Овие две селекции се изедначени во секој можен сегмент, до толку што Данска ќе патува како второпласирана само поради подобриот УЕФА коефициент во текот на квалификациите за континенталниот собир.

Второто место на Данска ѝ носи дуел со домаќинот Германија, додека Словенија утре ќе го дознае својот противник, откако ќе се комплетираат мечевите во групата Е. Да биде сликата појасна, Словенија и Данска имаат по три бода, ист меѓусебен скор (одиграа 1-1 во првото коло), иста гол разлика (2-2), ист број на постигнати голови и ист број на жолти картони!

Да биде работата уште поневеројатна, овие две репрезентации беа во истата квалификациска група, каде и двете одиграа одлично и имаа по 22 освоени бода! Данска беше прва во таа група поради подобриот меѓусебен скор, и токму затоа сега е второпласирана во групата на Европскиот шампионат.

Ваков пример не се памети во историјата на сите натпреварувања на УЕФА и е момент кој многу тешко ќе се повтори во блиска иднина.

To top