Италијански Удинезе ја дозна казната за неверојатните сцени на дуелот со Милан. Имено, навивачите на овој тим на саботниот натпревар го навредуваа голманот на Милан, Мајк Мањан, а кога навредите се повториле, тој го напуштил теренот.
Тој отиде во соблекувалната и не сакаше повеќе да биде на теренот, а по него истрчаа неколку играчи. Тие беа свесни дека се работи за расистичка навреда, а кога се се смири, голманот на Милан се врати на теренот.
Удинезе веднаш се огласи и го осуди овој потег на своите навивачи, но се очекуваше многу поголема казна. На овој начин „навивачите“ добија само поттик да продолжат како досега, а треба да се напомене дека стигнаа и првите информации за тоа кој расно го навредувал гостинскиот голман.
Четириесет и шестгодишен маж кој бил дел од група навивачи кои расистички го навредувале, тој сега ја дознал својата казна.
Тој ќе добие доживотна забрана за влез на стадионот, односно на натпреварите на неговиот сакан клуб, а Удинезе ова го најави за сите кои ќе бидат прогласени за виновни за овој инцидент.
Тоа е сигурно најголемата можна казна за навивачите и добро ќе го паметат саботниот натпревар.