Необична и непријатна сцена се случи на натпреварот меѓу Слога Добој и Железничар Сараево во најсилната лига на Босна и Херцеговина.
Навивачката група на гостите, „Манијаци“, влезе на стадионот дури по 40 минути игра, иако навреме пристигна во Добој.
Причината била што гостинската трибина била премачкана со свинска маст, поради што навивачите одбиле да влезат.
Работниците на стадионот морале да ги исчистат седиштата, скалите и оградата и да посипат песок, по што навивачите конечно се сместиле на трибината. Дел од нив се муслимани, па ваквиот потег бил сфатен како провокација, особено затоа што се случил за време на Рамазан.
Сепак, на крајот поголема причина за славје имаа гостинските навивачи, бидејќи Железничар Сараево победи убедливо со 3-0