Фудбалерите на Фенербахче ја славеа победата во турското фудбалско дерби кога навивачите на Трабзон влегоа на стадионот и сакаа физички да се пресметаат со нив.
На тревникот на стадионот настана општа гужва.
Фудбалерите на турскиот гигант застапувани од Един Џеко и Раде Круниќ потоа истрчаа во соблекувалната за да се спасат од налетот на бесните навивачи на Трабзон.
Во „лудиот“ натпревар од 30. коло на турската Суперлига, Фенербахче победи со 3:2 против Трабзон.
🇹🇷 Extraordinary scenes in Turkey as Fenerbahce players run for the tunnel after Trabzonspor fans storm the pitch pic.twitter.com/4WyTYEfupX
— Mirror Football (@MirrorFootball) March 17, 2024