Фудбал

Натпреварот против Шпанија беше последен во репрезентацијата за Жиру

Натпреварот против Шпанија беше последен во репрезентацијата за Жиру

Напаѓачот на француската фудбалска репрезентација Оливие Жиру вчера го одигра последниот натпревар во националниот дрес.

Жиру се повлекува како најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Франција со 57 гола на 137 натпревари.

Најголемиот успех го направи во 2018 година кога ја освои титулата светски шампион, беше дел и од финалето во 2022 кое Французите го загубија од Аргентина.

Жиру пред неколку месеци го напушти и европскиот фудбал со трансферот од Милан во МЛС лигата во тимот на Лос Анџелес.

To top