Италијанскиот фудбалски клуб Наполи е подготвен да го донесе Гарначо доколку Кварацхелија го напушти клубот и замине во Пари Сен Жермен.
Аргентинецот е најголема желба на Антонио Конте, а Наполи е спремен да понуди 50 милиони евра.
Гарначо не игра редовно во Јунајтед па и самиот сака да ја промени средината иако Јунајтед ќе се обиде да го убеди да остане.