Антонио Конте се договори со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, пренесува „Калчомеркато“.
Медиумите додаваат дека Конте на крајот ќе потпише тригодишен договор со Наполи и ќе добие 7 милиони евра.
Изданието оди уште подалеку, тврдејќи дека Наполи сака да ја финализира зделката и да го претстават поранешниот тренер на Интер и Јувентус веќе следната недела.