Наполи се врати на тренинзите по поразот (0:2) од Болоња во 11. коло од италијанското фудбалско првенство, но без главниот тренер Антонио Конте, објави „Скај Спортс“.
Тренерот во договор со раководството на клубот, зел неколку дена одмор, кои ќе ги помине во Торино. Конте ќе се врати во Неапол во понеделник, 17 ноември.
Тимот овој период ќе го предводи помошникот тренер Кристијан Стелини.
Наполи има 22 бода и е четврти на табелата во Серија А по 11 кола. (МИА)