Иван Ракитиќ многу брзо ќе стане нов играч на Хајдук бидејќи постигнал согласност за двегодишен договор со сплитскиот клуб, тврди најпознатиот светски инсајдер Фабрицио Романо.
Синоќа тој објави дека Ракитиќ го раскинал договорот со Ал Шабаб, а додава дека во преговорите, клучна улога одиграле Калиниќ како директор, Гатусо како тренер и Перишиќ како соиграч. Некогашниот фудбалер на Барселона треба да помогне, Хајдук да ја освои првата шампионска титула во домашното првенство по 2005 година.
🚨🇭🇷 Ivan Rakitić to Hajduk Split, here we go! Deal done on two year contract valid until June 2026.
Rakitić leaves Al Shabab despite good time in Saudi as wanted to take chance to play in Croatia.
Kalinic as director, Perisić as teammate, Gattuso as coach made difference. pic.twitter.com/6hbeh14ZNP
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 18, 2024
Првенството во Хрватска почнува на 2 август, а Хајдук во првото коло го пречекува Славен. Многу веројатно на Пољуд тогаш првпат ќе истрча и прославениот хрватски репрезентативец кој учествуваше во најголемите успеси на „коцкестите“.