Најдобриот стрелец во Првата македонска фудбалска лига, Алекса Марушиќ ја напушти Воска Спорт и се пресели во редовите на Магдебург.
Црногорецот блескаше во натпреварувачката 2023/2024 во ПМФЛ, беше прво име во шампионатот со 17 голови и 3 асистенции, а со тоа си го отвори патот до преселба во тимот на Магдебург кој се натпреварува во втората лига на Германија.