Фудбал

Наградите за јануари во Премиер лигата ги добија Мајкл Карик и Игор Тиаго

Наградите за јануари во Премиер лигата ги добија Мајкл  Карик и Игор Тиаго

Бразилскиот напаѓач Игор Тијагo од Брентфорд е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата за месец јануари.

Тој прикажа одлична форма во текот на месецот и постигна пет гола, вклучувајќи „хет‑трик“ во победата над Евертон и два гола во триумфот над Сандерленд.

Титулата најдобар тренер во Премиер лигата за јануари му припадна на Мајкл Лерик кој во краток период како привремен тренер на Манчестер успеа да ги предводи „црвените ѓаволи“ до неколку импресивни победи, вклучувајќи ги и дуелите со водечките тимови во лигата.

Тој донесе позитивна енергија и резултати што значително ја подобрија позицијата на табелата.

To top