Фудбал

Нагелсман: Нашите навивачи ни помофнаа. немавме никаков притисок

Нагелсман: Нашите навивачи ни помофнаа. немавме никаков притисок

Данската фудбалска репрезентација долго одолеваше и успешно се бранеше против Германија но на крајот загуби во овој меч.

„Првите дваесет минути беа нашите најдобри минути на шампионатот. Мислам дека ни беше поништен и чист гол на Шлотенберг. Тоа беше блок и не беше прекршок од Кимих. Што се однесува до спорните моменти, тоа се фактички одлуки и нема дилеми околу исправноста. Офсајд беше, за неколку сантиметри, но сепак беше. А играта со рака беше евидентна. Знам дека не е лесно да се прифатат одлуките, но ВАР- системот ни помага. Се губи малку на емотивноста на играта, но јас сум поборник на технологијата.

Немавме посебно голем притисок, а и нашите навивачи ни помогнаа. Мислам дека можеме да се справиме со притисокот. Привилегија е да се игра под пресија. Тоа им го велам на моите фудбалери“, изјави селекторот Јулијан Нагелсман.

To top