Фудбал

На 39 години почина поранешен капитен на Лидс

На 39 години почина поранешен капитен на Лидс

На 39 години почина Сол Бамба, поранешен фудбалер на Лестер Сити и поранешен капитен на Лидс.

Веста ја потврди турски Аданаспор каде поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска ја извршуваше функцијата технички директор.

„На нашиот технички директор Сулејман Бамби му се слоши пред натпреварот против Маниса. Тој беше пренесен во болница каде за жал ја загуби битката за својот живот“, потврдија од клубот преку социјалните мрежи и изразија сочувство до неговото семејство. Зад себе ги остави сопругата и четирите деца.

На Бамба пред три години му беше дијагностициран Нон-Хочкинов лимфом, по што беше подложен на хемотерапија. Самиот изјави дека е излечен од малигната болест, но турските медиуми пишуваат дека завршил во болница поради повторување на болеста.

To top