Португалскиот фудбалски тренер Жозе Мурињо и раководството на Фенербахче и официјално тргнуваат по некогашниот англиски репрезентативец Киран Трипие.
Според медиумите во Турција, турците веќе стапиле во контакт со офанзивниот бек, а и тој побарал од раководството на Њукасл трансфер на Босфорот.
Преодниот рок во Суперлигата на Турција трае до 12 овој месец, па има и тоа како шанси и овој трансфер да се реализира.