Португалскиот тренер Жозе Мурињо направи шоу на дебито на клупата на Фенербахче во турската Супер лига. На првиот меч Жозе доби жолт картон по само 20 минути.
Претходниот менаџер на Фенербахче во две години на кормилото не добил ниту еден жолт картон во турската Супер лига. Мурињо „пожолте“ поради расправија со судијата.
Тоа е Мурињо. Избувлив, непредвидлив, темпераментен. Како илустрација, во претходниот негов клуб Рома три пати беше исклучен во една сезона поради караници со судиите.
Претходно беше исклучуван и како тренер на Челзи и на Реал Мадрид.
It didn't even take Jose Mourinho 20 minutes to get his first yellow card in the Turkish league.pic.twitter.com/ovCTeIoQXY
— Troll Football (@TrollFootball) August 11, 2024