Фенербахче победи со 4:3 на гостувањето во Швајцарија, кај Лугано во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Најдобар поединец во тимот на Жозе Мурињо беше Един Џеко. 38-годишниот босански напаѓач постигна хет-трик на првиот натпревар од сезоната, што го воодушеви неговиот тренер.
„Един играше многу, многу добро. Да постигнеш три гола на било кој натпревар е фантастична работа. Тој човек не старее. Ме потсетува на мене кога бев помлад. Многу зборува, премногу се жали. Има емоции како млад човек и тој е среќен бидејќи кога правев такви работи, секогаш добивав црвен картон“, изјави Португалецот.
Џеко продолжи: „Мурињо е одличен лик и во него има различни личности. Смешен е кога се шегува, а кога е лут, тогаш е навистина лут“, изјави легендарниот центарфор и се пожали на теренот во Швајцарија. Имено, се работи за подлога со вештачка трева:
„Недозволиво е да се игра на ваков терен. Не се снајдовме најдобро примивме рано гол. Три примени гола се премногу, но мислам дека овој резултат е добар“ .