Фудбал

Мурат Јакин ќе ги предводи Швајцарците на ЕП 2024

Мурат Јакин ќе ги предводи Швајцарците на ЕП 2024

Мурат Јакин останува на кормилото на Швајцарија и ќе ја предводи оваа репрезентација на ЕП 2024 година, објавија од локалниот Фудбалски сојуз. Швајцарија не блескаше на последните квалификациски средби затоа што славеше само против ндора. Сепак, Швајцарците успеаја да изборат место на евро-шампионатот во Германија.

„Иако одигравме четири меча нерешено и еднаш изгубивме во последните квалификациски средби, му даваме доверба на Мурат Јакин“, изјави претседателот на ФС на Швајцарија, Доминик Блан.

Јакин е на клупата на Швајцарија од 2021 година и ја водеше оваа репрезентацијана СП во Катар.

To top