Фудбал

Монтела: Нашиот тим покажа борбеност и карактер

Монтела: Нашиот тим покажа борбеност и карактер

Селекторот на турската фудбалска репрезентација Винченцо Монтела изрази почит за играта на неговите избраници и победата над Австрија (2:1) синоќа во осминафиналето на Евро 2024 година.

– Нашиот тим покажа борбеност до последната минута. Во првите натпревари од групната фаза имаше повремени проблеми со ова, но ние си го вративме карактерот. Го повторивме бројот на победи на ЕП 2008. Ова е многу важно достигнување. Следен противник ни е Холандија, селекција која се бори како лавови. Ќе собереме психолошка и физичка сила и ќе го продолжиме нашето патување“ изјави италијанскиот стратег по мечот со Австрија

Турција во четвртфиналето ќе игра против Холандија. Натпреварот ќе се одигра на 6 јули во Берлин.

To top