Фудбал

Мојсов: Ние сме спремни за првиот европски меч на нашиот тим

Мојсов: Ние сме спремни за првиот европски меч на нашиот тим

Фудбалскиот клуб Тиквеш од Каварарци минатата сезона заслужено го освои првиот клупски трофе  Купот на Македонија.

Благодарение на тој успех кавадарчани си обезбедија дебитантски настап на меѓународна сцена каде ќе играат во првото коло од квалификациите за Конференциската лига против Брајдаблик од Исланд.

Тренерот на овој тим Ѓорѓи Мојсов на денешната прес-конференција го најави дуелот против исландскиот претставник.

„Собравме доволно информации за противникот и мислам дека ако испочитуваме 70% од она што го договараме – ќе се пласираме понатаму. Оптимист сум како и секогаш и нема да биде изненадување ако обезбедиме второ коло и се соочиме со Дрита. Буџетот на Тиквеш е зголемен и голема благодарност до сите особено до градоначалникот Митко Јанчев. Публиката е спремна, ние сме спремни и голема благодарност до медиумите кои не испочитуваа во ова наше европско деби. “, вели тренерот Ѓорѓи Мојсов.

To top