Младиот бразилски фудбалер Ендрик како голема фудалска надеж пристигна во Реал Мадрид, но наскоро би можел да замине од „Сантиаго Берабеу“.
Шпанските медиуми пишуваат дека Ендрик би можел во јануари да го напушти Мадрид и да се пресели во друг тим каде што ќе има поголема минутажа.
Тотенхем и Јувентус покажуваат силен интерес за Бразилецот, но Реал е спремен да го пушти само на позајмица.