Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски не е потешко повреден и не се очекува речиси никаква пауза за напаѓачот. Страдаше неговиот зглоб изминатиов викенд во Примера шампионатот, но за огромна среќа повредата не е сериозна.
Направени се веќе испитувања и е утврдено дека има само минимални оштетувања на лигаментот.
Под прашалник е само можеби неговиот настап за Џирона во Лигата на Шампионите против ПСВ во вторник но потоа тој ќе биде фит.
„Добро е. Не сум посериозно повреден. Ова се одлични вести. Можеби ќе имам кратка пауза од само неколку дена не повеќе. За викендот сум дефинитивно подготвен“ – изјави Миовски за овој спортски медиум.