Бојан Миовски денеска успеа да ја затресе мрежата на Молдавија, но тоа не ни донесе победа. Напаѓачот по мечот истакна дека резултатот на крајот е реален.
Добро го започнавме првото полувреме. Мислам дека теренот не ни дозволи да направиме и повеќе шанси. Второто полувреме ги изгубивме дуелите на втора топка и затоа Молдавија искористи шанса и постигна гол. Мислам дека резултатот е реален. Имавме шанси да го затвориме мечот со втор гол околу 60 минута. Примивме еден одличен гол, но што е тукае. Продолжуваме со пријателски мечеви да се воигруваме, па в понеделник не очекува Црна Гора, изјави стрелецот на голот за нашата репрезентација.