Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски во 91. минута донесе предност за Македонија, но буквално пред самиот судиски свиреж Брукс со многу среќа ја смести топката во нашата мрежа за конечни 1-1.
По ремито своја анализа даде Бојан Миовски.
„Како што знаете, примивме гол во последните десет секунди, тоа може да не мотивира како селекција. Болно е и жално да се прими гол во последните десет секунди. Знаевме дека играме против репрезентација од која 90% од имињата играат во Премиер лига, бевме трпеливи, бевме поставени одлично и си ја чекавме шансата. Се боревме, таа шанса ни дојде во вистински момент, ама кога помисливме дека се е готово, играчи како оние во Велс веднаш ќе те казнат“ изјаву македонскиот репрезентативец.