Фудбал фудбал

Миовски промаши пенал, Феенорд славеше против Жирноа, Аталанта рутински со Шахтјор

Фудбалерите на Жирона загубија на домашен терен од Феенорд со резултат 2:3, додека Аталанта како гостин го победи Шахтјор – 0:3.

Миовски промаши пенал, Феенорд славеше против Жирноа, Аталанта рутински со Шахтјор

Фудбалерите на Жирона загубија на домашен терен од Феенорд со резултат 2:3, додека Аталанта како гостин го победи Шахтјор – 0:3.

Жирона поведе во 19. минута кога Давид Лопез се најде на вистинското место по корнер и гужва во шеснаесетникот – 1:0. Гостите набрзо успеаја да се вратат, по прекин од десната страна, Ерера со несмасна реакција ја погоди сопствената мрежа за 1:1.

Нов проблем за Жирона беше повредата на Циганков, кој мораше да си замине во 29. минута, а на негово место дојде Данзума.

Само четири минути подоцна Миламбо успеа да постигне гол и да направи пресврт – 1:2.

Во 36. минута гостите пропуштија голема шанса да ја зголемат предноста, пеналот на Уеда го сопре Газаниго, па на полувремето остана 1:2.

Жирона потоа тргна во офанзива, а во 67. Каталонците пропуштија голема шанса, нашиот репрезентаитвец Миовски промаши и пенал. За негова среќа во 74. минута Данџума слезе по левата страна и проигра покрај Дони ван де Бик кој го погоди за 2:2.

Миовски беше заменет во 75. минута, а на негово место во игра влезе Кристијан Стуани.

Но, тука не беше крајот на возбудувањата, Крејчи си постигна уште еден автогол во 79. минута за ново водство на Феенорд.

Во вториот натпревар немаше толку многу изненадувања, бидејќи Аталанта ја оправда улогата на фаворит и рутински го победи Шахтјор со 3:0.

Гостите уште во првото полувреме го решија прашањето на победникот, Гимсити ја искористи асистенцијата на Лукман за 0:1 во 21. минута. Во 44. минута Лукман успеа да постигне гол, асистент за 0:2 беше Колашинац.

Се беше готово во 48. минута кога Беланова ја искористи асистенцијата на Запакоста за 0:3.

To top