Фудбал

Миовски: Ќе се обидам да бидам најдобар стрелец во Шпанија

Миовски: Ќе се обидам да бидам најдобар стрелец во Шпанија

Шпанскиот фудбалски тим Жирона денеска го промовираше македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски како ново засилување.

Миовски направи крупен чекор напред во неговата кариера откако стави потпис на договор со Жирона која настапува и во Лигата на шампионите.

„Одлуката не беше тешка. За мене ова е одлична можност. Целиот мој живот работев за ова“, вели Миовски.

„Мичел е одличен тренер, со големи амбиции. Има многу добра атмосфера во соблекувалната, како семејство е. Одлично сум прифатен тука и едвај чекам да почнам да играм“.

„Откако почнав да играм фудбал, работам многу напорно и мислам дека го заслужив ова што ми се случува. Опкружен сум со фудбалери кои имаат многу квалитет. Шкотската лига е поразлична од Ла Лига. Многу повеќе е физичка отколку тактичка“.

„За мене исполнување на сон е тоа што сум тука и не само што ќе играм во Лигата на шампионите, туку ќе му помогнам на тимот да ја оствариме целта во сите натпреварувања“.

Миовски доаѓа на местото од Довбик кој беше најдобар стрелец во Ла Лига. Па беше запрашан дали се плаши од споредбите со Украинецот.

„Не, не се плашам. Јас сум поинаков играч и ќе се обидам да постигнам колку што е можно повеќе голови. Се надевам дека ќе бидам најдобар стрелец во оваа лига“.

„Но, туку сум за да играм колективно, од првиот момент тоа ми е интересот, тоа е филозофијата која ја гледам тука и ќе се обидам да ја следам“.

Шанса да деби Миовски ќе има во недела кога во меч од Ла Лига, Жирона му гостува на Атлетико Мадрид.

To top