Требаше да губат со 2:0, требаше и Бојан Миовски да излезе, Македонецот беше стартер и беше во игра до 59.минута, за да Џирона се “дигне“ и успеа на крајот на дојде до 2:2 и да освои бод на тешкото гостување кај Виљареал во меч од Ла Лига денеска попладнево.
Домашните во 46.минута имаа 2:0, потоа Миовски излезе од терен, не беше на своето ниво како и сите негови клупски колеги, но потоа се случи чудо.
Прво Дони ван де Бек во 66.минута намали на 2:1 за да во 90+7.минута Крејчи со прекрасен гол ги постави конечните 2:2 и му донесе бод на својот тим, на Џирона.