Фудбал ффм

Миовски: Хрватска ќе биде голем тест за нас

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за два пријателски натпревари против селекциите на Хрватска и Чешка.

Миовски: Хрватска ќе биде голем тест за нас

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за два пријателски натпревари против селекциите на Хрватска и Чешка.

Напаѓачот Миовски вели дека е одлично што за ривали имаме селекции кои ќе бидат дел од Европското првенство во Германија.

Знаеме против кого играме. Хрватска е огромна репрезентација. Овие два меча ќе бидат одличен тест за да видиме до каде се нашите сили и да видиме дали можеме да се надеваме во иднина повторно да играме на големо натпреварување. Секогаш играме подобро со големи репрезентации. Хрватска се подготвува за ЕП и одлично е за нас што ќе тестираме со нив. Капитенот Барди ќе ни недостасува, но имаме одлични млади играчи на средината кои ќе треба да го пополнат неговото отсуство. Што се однесува до Хрватите, тие имаат неверојатни фудбалери на сите позиции од најсилните лиги. Ќе биде навистина голем тест за нас, особено за младите да играат против такви ѕвезди“, вели Миовски.

To top